Иранците се фалат дека имаат времеплов

Млад ирански научник тврди дека направил временска машина.

vremeplov
времеплов

Али Разеги, научник од Техеран ја регистрирал неговата „Aryayek“ временска машина во националниот Центар за стратешки изуми. Направата можела да предвиди пет до осум години од иднината на поединец со 98% точност со помош на сложени алгоритми.

„Мојот изум го собира во куќиште за десктоп компјутер, и нема да ве однесе во иднината, туку иднината ќе ви ја донесе вам“, изјавил 27-годишниот научник.

vremeplovСпоред Разеги, иранската влада може да ја предвиди можноста за воен конфликт со друга земја, како и промената во вредноста на странските валути и цените на нафтата, сè со помош на неговиот изум.

„Владата која може да гледа 5 години во иднината лесно може да се подготви за предизвици кои може да ја дестабилизираат. Затоа планираме да го продаваме изумот на држави, но и на поединци кога ќе постигнеме масовно производство“, објаснил Разеги.
Причината поради која уште не е лансиран прототипот е стравот дека Кина ќе ја украде идејата и ќе произведе милиони такви машини преку ноќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top