Инстант добро расположение

Оваа терапија е едноставна за употреба, дејствува брзо и нема несакани ефекти. По само 15 минути ќе се подобри вашето расположение и зајакне имунитетот, а мозокот ќе го добие неопходниот кислород за подобро функционирање.

 |   | 
singing
пеење

singingОваа терапија е едноставна за употреба, дејствува брзо и нема несакани ефекти. По само 15 минути ќе се подобри вашето расположение и зајакне имунитетот, а мозокот ќе го добие неопходниот кислород за подобро функционирање.
Едно истражување во Австралија покажало дека во тек на 15 минути пеење во организмот се ослободува иста количина на ендорфини колку во тек на еден оргазам. При тоа не е важно дали ќе пееме тивко под туш или “оперски арии” на некое друго место. Една до две минути пеење ќе придонесат да се чувствуваме подобро и до три часа подоцна, додека 5-6 минути ќе го намалат стресот и ќе не направат помалку сколни кон кавги.
singingПеењето ја намалува напнатоста. Затоа, се препорачуа за луѓе кои имаат потешкотии при изразувањето на емоции, како и за оние кои тешко го поднесуваат секојдневниот стрес. Пеејќи туѓи стихови полесно се ослободуваме од потиснатите чувства. Преку песна на безбеден начин можеме да кажеме се што мислиме, без притоа да употребуваме наши зборови.
Пеењето помага да се опуштиме, да заборавиме на опсесивните мисли и да се доведеме во состојба слична на медитацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top