Имотен лист од дома

Граѓаните и правните лица може да нарачаат податоци од Катастарот преку интернет на официјалната веб страница http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP.

лого

Граѓаните и правните лица може да нарачаат податоци од Катастарот преку интернет на официјалната веб страница http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP.

Со дистрибутивниот систем што го воведе Катастарот корисниците на едноставен начин, со само три чекори, ќе можат да добијат имотен лист од каде било. Овој систем ќе може да го користат сите граѓани во државава и во странство, како и градежни и геодетски компании, јавни институции, општини.

Имотен лист досега можеше да се добие само преку шалтерите на Агенцијата за катастар на недвижности и од канцелариите на 700 професионалните корисници, геодетски фирми, нотари, општини.

логоПокрај податоци од катастарот на недвижности, на новиот портал на Катастарот се достапни и геодетски, картографски и податоци од регистарот на просторни единици за целата територија на Македонија.

Директорот на Катастарот Славче Трпески ги претстави потребните три чекори за добивање имотен лист и за сите други податоци од дистрибутивниот систем. Првиот чекор, како што рече, е пребарување на саканиот имотен лист преку број на катастарска парцела, број на имотен лист или со директна селекција од мапа, вториот чекор е додавање во кошничка за купување и негово плаќање преку интернет, а третиот чекор е преземање на имотниот лист кој е електронски потпишан и е јавна исправа.

Дистрибутивниот систем ќе биде достапен он лајн 24 часа за сите правни и физички лица во земјата и странство. Во зависност од желбата и потребата на корисникот бараните податоци може да се добијат во дигитална или во хартиена форма. Дигиталните податоци се за 20 проценти поевтини од хартиените податоци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top