Собранието усвојувало повеќе „европски закони“ заобиколувајќи ја целата процедура предвидена за законите со европско знаменце во периодот 2014-2016, стои во соопштението на Институтот за демократија, Социетас цивилис – Скоје.
Во годишниот извештај за работата на Собранието во 2016 година се вели дека Собранието донело вкупно 14 закони кои произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат усогласување со правото на ЕУ. Притоа, симптоматично е што 13 закони воопшто не се разгледувани на седница на Комисија за европски прашања, за истите нема европско знаменце, нема изјава за усогласеност ниту коресподентна табела, иако се прикажани како „европски“ закони.
Ова се дел од клучните наоди на истражувачите на ИДСЦС објавени во краткиот документ за јавни политики „Ефективен собраниски надзор? Отсликување на реалноста во процесот на правна хармонизација со ЕУ“. Публикацијата е изработена во рамки на проектот “Улогата на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ„ имплементиран во рамки на проектот „ИПА2 Механизам на граѓанските организации“ спроведен од организациите Евротинк, Еко-свест, Реактор и Зенит.
Загрижувачки е податокот дека Комисијата за европски прашања се заобиколува и притоа се оневозможува да ја извршува својата примарна надзорна и контролна функција, имено, следење на процесот на усолгасување на националното со законодавството на ЕУ.
Голем број на законски решенија кои произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и со кои се врши усогласување со правото на ЕУ пристигнуваат во Собранието без европско знаменце и без потребната пропратна документација.
Исто така, загрижувачки е фактот што ниедна од политичките партии присутни во Собранието, не ја забележала оваа пракса и соодветно не интервенирала со препорака истата да се напушти во интерес на процесот на интеграција во Унијата. Комисија за европски прашања е единствено надлежна за оценка на усогласеноста на одреден законски акт со правото на ЕУ и единствено таа може да донесе обврзувачка одлука да се продолжи или да се сопре со понатамошната постапка во Собранието.
Во насока на враќање на својата вистинска улога и ефикасно извршување на контролна и надзорна функција, а со цел унапредувањето на процесот на правна хармонизација, Собранието на Република Македонија треба да ги земе предвид следниве препораки:
Проверка на усогласеноста на предлог законскиот акт со правото на ЕУ од страна на Комисијата за европски прашања во финалната законодавна фаза. Постоечката праксата – разгледување на предлог законскиот акт со кои се врши усогласување само во прво читање, треба да се унапреди и истата да се надополни со учество на Комисијата за европски прашања, до конечното усвојување на законското решение кое произлегува од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и со кое се врши усогласување. Комисијата е таа која треба да е последниот
арбитер за оценка на усогласеноста пред законскиот акт финално да се гласа на пленарна седница, се вели во соопштението на Институтот за демократија, Социетас цивилис – Скоје.
Целосните наоди од истражувањето и препораките за подобрување на состојбата прочитајте ги на следниот линк:
http://idscs.us15.list-manage1.com/track/click?u=16730a740b1a0bfe08be049dc&id=cfb51c8df9&e=9f03a1de3f
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град