На интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде станаа достапни материјалите наречени „Панамските документи„, од Македонија се појавија три лица: Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски, пренесува „еМагазин“.

Според податоците на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, Пановски се поврзува со компанијата „Ориент Оил и Гас Лимитед“, која е регистрирана на адреса на Британските Девствени Острови. Спасовски се поврзува со компанијата „Фисн Дел Лимитед“, регистрирана на Сејшелските острови, а Роланд Златку се поврзува со компанијата „Енистон Девелопмент корпорејшн“, со адреса во Шангај, Кина, а регистрирана на Девствените Острови.
ПОСЕДУВАЊЕТО НА ОФШОР ФИРМА, НЕ ЗНАЧИ И НЕЛЕГАЛЕН БИЗНИС
Уште по првичното објавување на мега-аферата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, „Панамските документи“, беше посечено од страна на истражувачите, дека поседување на офшор компанија некаде низ светот, не е нелегално. Компаниите најчесто избираат офшор дестинација за регистрирање таму поради ниските даноци и давачки. Треба да се напомене и дека компаниите и лицата кои ги објави Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи се поврзани само со една правна офшор фирма, Mossack Fonseca, четврта по големина во светот
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град