„Хурикејн“ и Србија во финалето на Евровизија

Атрактивните девојки од српското трио „Хурикејн“ успеаа да ја однесат Србија во финалето на Евровизија. Со нивната изведба на песната „Loco Loco “ и извонредниот сценски настап, ја кренаа публиката на нозе во Ротердам.

 |   | 

Српското трио „Хурикејн“ успеа да обезбеди пласман во финалето на Евровизија, а со тоа Србија ќе биде единствениот финалист од земјите на бившите Југословенски земји. Сања, Ксенија и Ивана се претставија во одлично светло и несомнено го имаа највпечатливиот сценски настап меѓу двете полуфинални вечери. Тие со „Loco Loco“ буквално ја запалија сцената на Евросонг.

За жал, Македонија, Хрватска, Словенија испаднаа од конкуренција во првата полуфинална вечер.

Инаку, на финалната вечер пласман обезбедија 26 пејачи, од кои за првпат ќе ги слушнеме претставниците на директните финалисти Велика Британија, Италија, Шпанија, Франција, Германија и Холандија. Големи фаворити за победа се сметаат Италија и Франција, а останатите за тотални аутсајдери. Во трката за трофејот се предвидува да се приклучат и Малта и Швајцарија.

Годинешното 65. издание на Евровизија се одржува во комплексот „Ахој“ во Ротердам, Холандија од 18-22 мај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top