Хојт Ји денес на средба со политичките лидери и граѓанските организации

Заменик помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји кој од вчера престојува во Македонија денеска, како што е предвидено, треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

 |   | 

По овие средби, Ји ќе разговара и со претставници од граѓанскиот сектор. Вчера тој одржа средби со лидерите на ДУИ, Беса, Алијансата и ДПА. Тие го информираа американскиот дипломат за нивниот ангажман во насока на решавање на политичката криза. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по средбата со Хојт Ји изјави дека новиот претседател на Собранието Талат Џафери ја има поддршката на меѓународниот фактор и дека таа реалност треба да ја прифати и ВМРО ДПМНЕ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top