Претставата е работена според делот на Питер Турини, современ австриски драмски писател роден во Каринтија-Австрија, 1944 година, чии дела се преведувани на повеќе од триесет јазици, а драмските текстови се продуцирани на сите големи и познати театарски сцени низ светот.

Приказната на драмата ја сочинуват два карактери Мажот и Жената. МАЖОТ е продавач во секси шоп, кој работи на процент од продадените продукти, оженет за филипинка на средовечна возраст и вооедно бивш суфлер од Виенскиот Бург Театар – Австрија и ЖЕНАТА-една префинета разведена дама од високото општество, која прв пат влегува во секси шоп. Приказната е едноставна.
Дамата од љубопитност влегува во продавницата, а продавачот најљубезно и професионално ги презентира секс-реквизитите. Во таа ситуација ликовите спонтано се запознаваат, и преку нивниот заплет ги откриваат на комичен начин нивните фрустрации и комплекси. Со тоа индиректно авторот комплетно ни ја доловува денешната слика на европските граѓани и нивните современи судбини.
„Грилпарцер во секс шоп“ е комичен текст, во кој не постои никаква вулграност. Брилијантниот хумор на Питер Турини е тоа што го прави текстот добар и пријатен за читање и гледање. Режисер на претсавата е Јован Ристовски, а играат Елена Моше и Александар Копања.
Инаку преставата е во продукција на НТБ и независен од Министерство за култура на Р.М , а својата премиера ја доживеа на 16-ти март годинава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град