“Grandmaster“ го отвара овогодинешното Берлинале

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, 63-тото по ред ќе биде отворен денеска со филмот Вонг Кар-ваи „The Grandmaster“.

Berlinski filmski festival
Берлински филмски фестивал

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, 63-тото по ред ќе биде отворен денеска со филмот Вонг Кар-ваи „The Grandmaster“.

На Берлинале во натпреварувачката конкуренција на играни филмови се најдоа 19 остварувања, меѓу кои се и новите филмови на Стивен Содерберг, Гас ван Санта и три филмови во кои ќе се појават француски филмски диви.
Овогодишниот филмски фестивал нуди избор на разновидни филмови, вклучувајќи ги и остварувањата од Казахстан и Иран кои ќе се борат за главната награда – „Златна мечка“ на првиот европски фестивал во годината.
Филмот Ван Санта „Promised Land“ (Ветена земја) во која игра Мет Дејмон и филмот на Содерберг „Side Effects“ во кој играат Џад Лоу и Кетрин Зета-Џонс, се најистакнатите остварувања кои доаѓаат од САД.
Многу значајни филмови доаѓаат и од Источна Европа вклучувајќи ги и остварувањата на оскаровците, босанско-херцеговскиот режисер, Данис Тановиќ „Епизода во животот на берачот на железо“, кој зборува за сиромашното ромско семејство, а тука и и филмот на романскиот режисер, Калина Петра Некер „Child`s Pose“, кој зборува за корупцијата во Романија.

Berlinski filmski festivalФранцускite актеркi, Жилиет Бинош, Кетрин Денев и Изабел Ипер ќе играат во различни филмови – Бинош во филмот „Camille Claudel 1915“, кој зборува за францускиот скулптор, Денев игра во филмот „On My Way“, а Ипер во филмот „The Nun“.
Од Иран на Берлинале стигнува филмот „Closed Curtain“ кој го режираа режисерот и дисидент, Јафар Панах и неговиот колега, Камбози Партов.

Од Казахстан оваа година на Берлинале ќе се претстави филмот на режисерот, Емир Бегазин „Harmony Lessons“. Во трка за главната награда на Берлинале ќе биде и првенецот на Швеѓанинот Фредрик Бонд, кој во Берлин стигнува со романтичната комедија „The Necessary Death of Charlie Countryman“.

Меѓу другите остварувања на списокот е и германското остварување „Голд“ со Нина Хос, која минатата година доби позитивни критики за улогата во филмот „Барбара“, а тука е и германско-француско-холандско-јужноафриканскиот филм „Layla Fourie“.
Во конкуренција се и филмовите „A Lonf and Happy Life“ (Русија), „Vic+Flo Saw a Bear“ (Канада), „In the Naume of“ на Малгошка Шумовска за полскиот свештеник хомосексуалец, „Prince Avalanche“ (САД), „Глориа“ од чилијанскиот режисер Себастијан Лели и „Paradise: Hope“ од австрискиот режисер, Улрих Сидл, како и јужнокорејскиот филм „Nobody’s Daughter Haewon“.
На Меѓународниот фестивал во Берлин, исто така, ќе се најдат и четири филмови од српски автори – документарецот на Иван Тодоровиќ, филмовите на Срџан Голубовиќ и Марта Попивода, како и анимираниот филм на Ане Недељковиќ и Никол Мајдак помладиот.
Во главната натпреварувачка програма на кратки филмови ќе има 27 филмови од 20 земји.
Во секцијата „Проширено“ ќе биде прикажан долгометражниот филм на Марта Попивода „Југославија, како идеологијата го помести колективното тело“, додека во програмата „Генерација 14+“ во селекција на кратки филмови на публиката на Берлинале ќе се претстави и краток анимиран филм „Рабитланд“, автор, Ана Недељковиќ и Никол Мајдак помладиот.
Кој ќе добие оваа година „Зланта мечка“ ќе одлучува седумчленото жири на чело со режисерот Вонг Кар -ваием. Во жирото уште се наоѓаат и режисерите Сузан Бир (Данска), Елен Курас (САД), Андреас Дрезен (Германија), Ширин Нешат (Иран) и Атина Рејчел Цангари (Грција), а тука е и американскиот актер, Тим Робинсон.

Фестивалот ќе трае до 17 февруари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top