Бензините се поевтини за еден денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.
Бензините се поевтини за еден денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар.
Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на вчерашната редовна седница.
Според одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.
За 0,672 денари е намалена цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар чини 25,691 денар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град