Нова анкета открива дека Британците подеднакво ѝ веруваат на црквата колку што му веруваат на сèприсутниот интернет пребарувач Гугл.
Група од 2.000 луѓе биле анкетирани да ги рангираат организациите во однос на тоа во која имаат најмногу доверба, а религиозните институции добиле само 17% од гласовите. Исто толку добил и Гугл интернет пребарувачот.
Во време кога повеќето луѓе одат во шопинг наместо во црква, многу е очекувано дека нивната доверба ќе биде поголема во супермаркетите и големите компании.
Добротворните организации добиле 21% од гласовите. Анкетираните воедно требале да одговорат и на неколку прашања во врска со економската криза и растењето на трошоците за живеење. 73% од Британците верувале дека кризата ќе трае уште две години, 11% изјавиле дека според нив нема да заврши, 21% рекле дека ќе трае пет до десет години, а 41% дека ќе трае од две до пет години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град