Гола помош за по дома

Агенцијата Natural Cleaning се претставува како единствена светска агенција која нуди “гола” помош.

 |   | 
gola pomosh
гола помош

gola pomoshЈужноафричка агенција ги нуди сите врсти на домашни услуги, од чистење, перење, пеглање, водоинсталатерски услуги па се до сметководство, но со една специфичност – нивните работници се професионално полуголи или целосно голи!

Агенцијата Natural Cleaning се претставува како единствена светска агенција која нуди “гола” помош. Основана е пред месец дена од Жан-Пол Рид кој со години се мачел да најди работа во држава со 23,9 % невработеност.

Компанијата нуди повеќе услуги – од водење на домакинството до сметководство, чистење, компјутерски сервис и слично, а вработените доаѓаат топлес или целосно голи во зависност од желбата на клиентот.

“Најпопуларни се куќните помошнички, а веднаш после нив се куќните мајстори кои ги ангажираат дамите.” – вели основачот на агенцијата.

На веб сајтот на оваа компанија, поставени се неколку фотографии од девојките и момците кои можете да ги нарачате онлајн.

Цените на услугите започнуваат од 17 евра на час за “полуголи услуги” па се до 50 евра од час (зависно од голотијата).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top