Германците знаат како

Група на студенти од Дрезден, се соблекоа речиси голи за најновиот календар “Geist is geil” што во превод значи “знаењето е секси”, кој треба да го промовира високото образование во Саксонија, пренесуваат локалните медиуми.

 |   | 
znaenjeto e sexy
znaenjeto e sexy

znaenjeto e sexyГрупа на студенти од Дрезден, се соблекоа речиси голи за најновиот календар “Geist is geil” што во превод значи “знаењето е секси”, кој треба да го промовира високото образование во Саксонија, пренесуваат локалните медиуми.

Во фото-сесијата за календарот учествувале 24 студенти од Техничкиот универзитет во Дрезден, од кои половина се мажи, а остатокот девојки бидејќи календарот има и маши и женски фотографии, за да се привлече публика од секаков вид.

Календарот е дело на фотографот Тони Крешмер, кој уште од сега почнал да добива пријави за изданието за 2013 година.

“Единствениот услов за нечија слика да се појави во календарот е моделот да биде студент на Универзитетот во Саксонија и добро да изгледа”, кажал Тони за “Sachsische Zeitung”.

Додека критичарите сметаат дека овој неконвеционален начин за промовирање на образованието е дегутантен, во ноемвриското издание на “Playboy” веќе се појавија фотографиите на “најубавите студентки од Германија”.

znaenjeto e sexy

znaenjeto e sexy

znaenjeto e sexy

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top