Генијалниот физичар, кој мразел бисери, живеел во целибат и сакал гулаби

Никола Тесла е најдобро познат по неговите пионерски истражувања во електричната енергија и роботиката како и по неговите многубројни пронајдоци, кои го вклучуваат и неговиот пронајдок – Тесла калем.

Nikola Tesla
Никола Тесла

Никола Тесла е најдобро познат по неговите пионерски истражувања во електричната енергија и роботиката како и по неговите многубројни пронајдоци, кои го вклучуваат и неговиот пронајдок – Тесла калем.

Научникот е исто така познат и по неговите чудни опсесии меѓутоа и неговото бизарно однесување (колку луѓе познавате што биле заљубени во птица?). Прочитајте некои чудни факти за човекот кој се смета за еден од најголемите херои на науката.

1. Тесла имал некоја чудна опсесија со бројот три. Тој бил апсолутно фиксиран на бројот три – ги миел рацете три пати по ред, шетал околу зградата три пати пред да влезе во неа. Опсесијата можеби била манифестација за опсесивно-компулсивно нарушување.

2. Тесла мразел бисери. Не можел да поднесе да ги гледа. Всушност, тој толку многу мразел бисери што одбивал да зборува со жените кои ги носеле. Со што се објаснува оваа бизарна аверзија? Никој не знае за сигурно – меѓутоа и ова е еден доказ за неговото опсесивно компулсивно нарушување.

Nikola Tesla3. Тој живеел во целибат. Брачниот живот не бил за него, кој еднаш рекол: „Мислам дека не можете да именувате голем број иновации направени од оженети луѓе“. Исто така, сметал дека сексот ќе му пречи во неговата работа.

4.Тесла живеел во хотелска соба. Тој живеел многу години во Њујорк, а последната деценија ја поминал живеејќи во хотелот „Њујоркер“. Живеел во собата 3327, која се наоѓала на 33 спрат.

5. Тој бил невообичаено приврзан со гулабите. Многу луѓе ги хранат гулабите во парковите. Меѓутоа Тесла не запрел тука. Тој постојано пронаоѓал болни гулаби и ги носел во неговата хотелска соба. Особено еден гулаб го украл неговото срце. „Ја сакав оваа гулабица како што маж сака една жена, и таа ме сакаше мене. Се` додека ја имав, постоеше цел во мојот живот“, запишал тој.

6. Тој верувал во евгеника. Тесла сметал дека некои луѓе едноставно не им прилега да произведуваат подмладок. Тој во 1935 година во една статија напишал:

Nikola TeslaТрендот на мислење меѓу евгениците е дека бракот мора да се направи потежок. Секако, никој кој не е пожелен родител не треба да има дозвола да произведува потомство. После овој век, нема да му се случи на нормален човек да се размножува со личност која е евгенски непогодна.

7. Тесла тврдел дека го измислил смртоносниот знак. Можеби сакал животни, но тој не бил баш наклонет кон добрината и љубовта. Всушност, тој тврдел дека измислил смртоносен знак кој го нарекол „Teleforce“ за кој изјавил дека ќе „испрати концентрирани зраци на честички преку слободниот воздух, од таква силна енергија којашто ќе руши флота од 10.000 непријателски авиони на растојание од 200 милји од одбранбената граница на нацијата и ќе предизвика армиите да умрат“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top