Генијалците, тапа љубовџии

Сигурно познавате некоја паметна, образована и убава девојка која никако да најде момче или пак некое хиперинтелигентно момче кое, иако е успешно на сите други планови, никако да ја пронајде својата сродна душа.

genijalci
генијалци

Сигурно познавате некоја паметна, образована и убава девојка која никако да најде момче или пак некое хиперинтелигентно момче кое, иако е успешно на сите други планови, никако да ја пронајде својата сродна душа.

Доктор Алекс Бензер, во студијата „Зошто најпаметните луѓе најтешко доаѓаат до љубов“, тврди дека причината се крие во фактот дека никој не е доволно добар за нив. Генерално гледано, умните личности, како за дружење, така и за романса бараат подеднакво паметни лица, за да не им биде здодевно.

genijalci„Со самото тоа тие веќе елиминирале 95% од светската популација“, објаснува Бензер. Според зборовите на докторот, исклучително интелигентните лица во љубовните врски се доста неприлагодливи. Тоа е така бидејќи во поголемиот дел од своето детство и младоста биле насочени да постигнат одличен успех на училиште, па затоа стекнале помалку искуства на љубовно поле.

Исто така, оние кои се сметаат себе си за успешни, но и за интелектуалци со иднина, сметаат дека нивните лични достигнувања им гарантираат екстра бодови кај потенцијалните партнери.

„Меѓутоа, дипломите и различните вештини не гарантираат успех на романтичен план. Најважни се чувствата кои се будат кај другата личност“ констатира докторот.

Алек Бензен како мана кај повеќето надпросечно интелигентни лица ја гледа и нивната неосвестена сексуалност. „Генијалците, можам само да ги советувам да престанат да ги анализираат и детално да ги проценуваат другите луѓе, бидејќи сите ние сме програмирани да се размножуваме“ заклучува Бензер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top