„Газда“ меѓу ѕвездените јата

Мегаструктурата која ја откри тим на научници од Канарските острови се состои од 830 издвоени галаксии и е 10.000 пати поголема од Млечниот пат.

јато

Мегаструктурата која ја откри тим на научници од Канарските острови се состои од 830 издвоени галаксии и е 10.000 пати поголема од Млечниот пат.

Научниците од Институтот за астрофизика на Канарските острови го открија најголемата структура во универзумот наречена „BOSS“. Зборот е кратенка од Спектроскопска истрага на Барионовите осцилации.

јатоСтанува збор за суперструктура составена од суперкластери кои се меѓусебно поврзани со гасови, а се наоѓаат на неколку милијарди светлосни години од нашата планета, и нејзината маса е 10.000 пати поголема од масата на нашата галаксија.

Според зборовите на Џошуа Сокол, мегаструктурата која ја откри тимот од Канарските острови се состои од 830 издвоени галаксии и 10.000 пати е поголема од Млечниот пат. Колку за споредба, нашата планета орбитира околу Сонцето што е ѕвезда, а во нашата галаксија има преку 200 милијарди ѕвезди.

Но, иако „BOSS“ е најголемата структура откриена во познат дел од универзумот, не се согласуваат сите истражувачи дека таа може да се нарече структура. Тие тврдат дека суперкластерите не се поврзани онака како што би биле доколку станува збор за структура, туку дека ги поврзуваат облаци на прашина и гас, како и тоа дека има доста празен простор помеѓу нив.

Независно од оваа дебата, „BOSS“ и понатаму е најголемата структура која научниците некогаш ја забележале во познатиот дел од универзумот. Секако дека постојат бројни суперструктури кои лебдат во универзумот, но ова е најголемата досега.

јатоПокрај „BOSS“, тука е и кластерот „Големиот Ѕид Слоун“ кој истражувачите го пронашле во 2003 година, но и Ланикеј што на хавајски значи „Рај кој не се мери“, и содржи 100.000 галаксии и поседува маса колку стотина квадрилиони Сонца.

Нашата галаксија се наоѓа на работ на ваков суперкластер.

Во склоп на Ланикеј, галаксиите се движат кон регионот во вселената наречен „Голем Атрактор“, кој претставува еквивалент на големата гравитациона долина. Во околината на Ланикеј се наоѓаат суперкластерите „Шејпли“, „Херкулес“, „Кома“ и „Персеус-Писес“. Ланикеј е првиот суперкластер кој научниците успеале да го мапираат.

Откритијата како ова на истражувачите им помагаат подобро да го сфатат универзумот и да ја дознаат вистината за Биг Бенг и менувањето на универзумот од неговото постоење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top