Facebook преживеа и понатаму ќе ни го уништува угледот

Фејсбук профилот полн со разголени фотки од одмор или од новата кола, може да ви го уништи угледот за само 5 ипол минути.

 |   | 
facebook
facebook

Нова студија открила дека се потребни 5 ипол минути за некој да оформи мислење за вас само од гледање ваши фотографии на интернет. Но, на средбите лице во лице, им требаат 9 ипол минути за да одлучат дали им се допаѓате или не.

“Разгледувањето нечиј профил на социјална мрежа открива толку многу работи за личноста, што многу лесно може да се донесе заклучок. Посебно ако таа личност има чудни фотографии или изразува екстремни ставови”, објаснуваат од Reputation 24/7 фирма за менаџирање онлајн углед.

Според нив, онлајн имиџот е подеднакво витален за луѓето, како и за брендовите. Шест од десет анкетирани во студијата на компанијата, признале дека ги проценуваат луѓето според нивните интернет профили а дури 40% рекле дека побргу оформуваат мислење онлајн отколку во живо.

Деталниот преглед на начинот на кој се гради претставата за некого врз основа на профил на социјална мрежа, вклучувал 18 различни категории на фотографии.

facebookНајпозитивни реакции буделе пристојните фотографии или слики во друштво со разумни групи на луѓе. Добар углед имале и свадбените албуми и фотографиите со деца. Како многу важен фактор била издвоена и насмевката.

Како фотки со негативна конотација се издвојувале оние на момци со автомобили и девјко во бикини, затоа што од нив луѓето добивале претстава дека станува збор за личности вљубени во себе.

Негативен ефект врз угледот имале и сликите на кои корисниците правеле непристојни гестови, изгледале луто, држеле алкохол во рака или биле пијани. Во оваа група спаѓале дури и оние фотки од страсна прегратка со партнерот.

Негативен ефект врз угледот имале и сликите на кои корисниците правеле непристојни гестови, изгледале луто, држеле алкохол во рака или биле пијани. Во оваа група спаѓале дури и оние фотки од страсна прегратка со партнерот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top