Фејсбук стана предосаден

Според најновата анкета на “Ројтерс“ и истражувачката компанија “Ипсос“, околу една третина од корисниците на “Фејсбук“ се прилично рамнодушни кон социјалната мрежа овие денови, а се чини дека чувството на незаинтересираност расте.

 |   | 
фејсбук досаден
фејсбук досаден

Според најновата анкета на “Ројтерс“ и истражувачката компанија “Ипсос“, околу една третина од корисниците на “Фејсбук“ се прилично рамнодушни кон социјалната мрежа овие денови, а се чини дека чувството на незаинтересираност расте.

facebook досаденИстражувањето најмногу било концентрирано на потенцијалната заработка од сегашните навики на корисниците на социјалната мрежа. Според анкетата спроведена на повеќе од 1.000 Американци, 80 отсто од корисниците на “Фејсбук“ никогаш не купиле производ или услуга која ја виделе на било која страница на “Фејсбук“, што значи дека без оглед на рекламните техники со кои компаниите се служат за да заработат повеќе пари, тоа едноставно не функционира.

Поради тоа не треба да не чуди тоа што истражувањето покажало дека корисниците на возраст помеѓу 18 и 34 години се најактивни, додека само 29 отсто од лицата постари од 55 години, себеси се сметаат за редовни корисници. За жал, луѓето кои минуваат многу време на социјалната мрежа често стануваат жртви на “уморот од Фејсбук“, поради што се’ поретко ги прегледуваат профилите на своите врсници или следат што нивните пријатели објавуваат.
{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top