Евровизија ќе го тестира Дамијано за дрога

Евровизија ќе го тестира за дрога пејачот Дамијано – фронтмен на победничкиот рок бенд „Манескин“ од Италија.

 |   | 

Организаторите на Евровизија (ЕБУ) истакнаа дека се свесни за шпекулациите околу видео клипот со победниците од Италија во бекстејџот.

Групата негира дека користеле дрога, а пејачот ќе направи доброволен тест кога ќе се врати дома.

– Тестирање беше побарано од нив уште во саботата, но не можеше да се спроведе веднаш. Групата, нивниот менаџер и шефот на делегација нѐ информираа дека во Зелената соба немало дрога и објаснија дека била скршена чаша на нивната маса и дека пејачот ја исчистил. ЕБУ може да потврди дека скршена чаша била најдена при проверка на нивната маса. Сѐ уште ја гледаме снимката внимателно и ќе ве информираме со нови информации во догледно време – рекоа организаторите.

Победничкиот бенд во реакција на социјалните мрежи наведе дека се против дрога и не користеле кокаин никогаш.

– Подготвени сме да се тестираме, зошто нема што да криеме – напиша групата.

На прашањето дали консумирал дрога додека течело гласањето, Дамијано одговорил дека гледал надолу затоа што гитаристот скршил чаша.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top