Продолжението на хитот од 2005 година, Sin City, насловено A Dame to Kill For, веќе два месеци се снима на локации во Остин, Тексас.
Продолжението на хитот од 2005 година, Sin City, насловено A Dame to Kill For, веќе два месеци се снима на локации во Остин, Тексас.
Филмот има одлична актерска екипа: Џесика Алба, Мики Рурк, Росарио Досон, Џејми Ченг и Џозеф Гордон Левит. Денеска имаме информација дека уште една позната актерка, ќе се појави во новито филм. Станува збор за сексипилната Ева Грен, која се појави во хитовите Casino Royale, Kingdom of Heaven и Dark Shadows. Грин ќе ја толкува Ава Лорд, еден од централните ликови во A Dame to Kill For.
Во официјалното соопштение се наведува дека, покрај Грин, уште неколку нови лица ќе се појават во филмот. Актерката Џули Џарнер ќе глуми стриптизета и ќе биде партнерка на Џони (карактер кој ќе го глуми Џозеф Гордон Левит). Џош Бролин пак, ќе го замеми Клајв Овен во улогата на Двајт. Во филмот ќе се појави и Реј Лиота, меѓутоа, неговата улога се уште не е позната. Брус Вилис исто така се враќа како детектив Хартиган. Иако неговиот карактер беше убиен кон крајот на Sin City, приказната во продолжението се случува пред настаните од првиот дел.
Како режисер и сценарист повторно се враќа Роберт Родригез, заедно со легендарниот Френк Милер. Премиерата е закажана за 4-ти октомври.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град