Емил Димитриев ќе биде новиот премиер на Македонија

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе биде новиот премиер кој ќе ја предводи владата во стотте дена до изборите, ова е одлуката која синоќа ја донесе Централниот комитет на партијата, пренесува „Телма“.

emikl

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе биде новиот премиер кој ќе ја предводи владата во стотте дена до изборите, ова е одлуката која синоќа ја донесе Централниот комитет на партијата, пренесува „Телма“.

Како што изјави Илија Димовски, највисокото партиско тело оваа одлука ја донело едногласно и од Димитриев се очекува професионално и одговорно да ја обавуваат фукцијата премиер.

emilНа прашањето на Телма дали оставката на премиерот може да се смета за условена бидејќи тој рече дека ја поднесува утре но  таа ќе биде ефективна 100 дена пред изборите, Димовски одоговри дека не очекува промени во датумите.

ВМРО – ДПМНЕ на предвремените избори во април како свој кандидат за премиер повторно ќе го има Никола Груевски. Целта на партијата е да се затвори овој, како што велат, деструктивен и негативен период и по изборите да се продолжи со проектите.
Предложениот за нов премиер Емил Димитриев е генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ од 2013. Претходно беше заменик министер за одбрана. Роден е 1979 година во пробиштип. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за Социологија, каде завршил и постдипломски студии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top