Елизабета Втора се избори за повисока плата

Елизабета Втора за 2014-та ,која очигледно се очекува да ја истера до крај, ќе добие 5% поголема плата, и ќе изнесува колку платата на Коби, ЛеБрон и Тони Паркер заедно.

Elizabeta Vtora
Елизабета Втора

Елизабета Втора за 2014-та ,која очигледно се очекува да ја истера до крај, ќе добие 5% поголема плата, и ќе изнесува колку платата на Коби, ЛеБрон и Тони Паркер заедно.

Elizabeta VtoraПлатата на Кралицата за следната година ќе изнесува 58 милиони долари, а покачувањето се должи на рекордниот профит од 386 милиони долари од имотот на кралското семејство. Според правилата воведени во 2010-та, кралицата има право на 15% од оваа добивка.
“Добрата работа за нацијата е што профитот од имотот на кралското семејство прво се влева во државниот буџет. Потоа на Кралицата секоја година и се исплаќаат 15% од профитот од пред две години,” објаснува СиЕнЕн.

„Гардијан“, објаснува дека минатата година профитот од кралскиот имот бил поголем за 5,2%, што значи дека во 2014-та Кралицата ќе добие плата од 58 милиони долари, 4 милиони повеќе отколку платата за 2013.

Кралицата на ги става сите овие пари под душек, туку од нив треба да живее, да ги покрие сите свои трошоци (церемонии, настани, родендени) и да го плати персоналот што работи за нејзе и што и ги одржува имотот низ целата земја. Само за персоналот кралицата троши 15 милиони долари годишно. Во оваа сума не се влезени трошоците за обезбедување и полициска заштита на членовите на монархијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top