Џеј Џеј по стапките на Лукас

Уште од моментот кога ги купи правата за Војна на ѕвездите Дизни се стави во потрага по режисер.

Lukas i Ejbrams
Лукас и Ејбрамс

 

Еден од првите режисери кој уште тогаш изјави дека дефинитивно нема да го режира филмот беше Џеј Џеј Абрамс. Како што знаете, Џеј Џеј Абрамс ќе биде режисер на новото продолжение на Војна на Ѕвездите.

J.J.AbramsХоливуд Репортер пишува дека главна причина за ова е залагањето и притисокот на Кетлин Кенеди, ко-претседател на ЛукасФилмс и долгогодишен продуцент на блокбастери.

Иако од прва одбива да режира, Абрамс сепак прифаќа да има состанок со Кенеди на 14. декември. На состанокот во канцелариите на Абрамс, таа на режисерот му вели “Те молам снимај ги Војна на Ѕвездите” а потоа му кажува дека сценариото веќе го пишува Мајкл Арнт (добитник на Оскар за сценариото на Little Miss Sunshine и номинација за Оскар за сценариото за Toy Story 3) и дека Лоренс Касдан ( авторот на сценариото на The Empire Strikes Back и Return of the Jedi) се сложил да работи на филмот како консултант.
“Абрамс се ‘мрдна’ кога дозна дека Мајкл и Лери веќе се дел од филмот,” изјавила Кенеди.

J.J.AbramsПо ова Кенеди, Абрамс и сценаристите се среќаваат уште еднаш во тајност на 19-ти декември, “Абрамс беше надвор од себе кога си заминавме, но сепак тој имаше некои навистина реални грижи,” раскажува продуцентката.
Дел од проблемите на Абрамс биле сопругата и трите деца (бидејќи филмот нема да се снима во Лос Анџелес), постојните обврски со Парамаунт околу снимањето на продолжението за Ѕвездени патеки, како и големиот број телевизиски проекти.
Свесна дека станува збор за проект со огромни димензии кој нема да дозволи паралелно работење на други проекти, “Кенеди прави она што го прави најдобро, му остава простор на еден од најголемите режисери во Холивуд,” пишува Холивуд Репортер.
На крај после долги преговори, попладнето на 25. јануари тие потпишуваат договор.
Инаку Кенеди го знае Абрамс уште од неговата 14-та година, кога Спилберг прочитал статија за Абрамс дека победил на натпревар за правење филмови во Супер 8. Спилберг (еден од најголемите соработници на Кенеди) тогаш го најмува Абрамс да му ги реставрира сите видеа од детството што му биле снимани на Супер 8.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top