Двајца кумановци се „заиграле“ на Facebook и добиле кривични пријави

Чисто информативно, колку да знаете што смее а што не смее на фејсбук.

 |   | 

Двајца кумановци заработија кривични пријави затоа што креирале лажни профили на “Фејсбук“.

facebook profilЧетириесет и четиригодишен кумановец во текот на минатата година без согласност на неговата поранешна сопруга користел нејзини лични податоци и на социјалната мрежа “Фејсбук“ креирал лажен профил преку кој објавил нејзини фотографии и коментари со навредлива и вулгарна содржина, а во повеќе наврати во нејзино име остварувал и контакти со други корисници на мрежата.

Кривична пријава заработи и негов помлад сограѓанин кој, исто така, лани без согласност и знаење на неговата врсничка Ј.К. (21) креирал лажни профили со нејзиното име и објавил повеќе фотографии и коментари, а остварувал и контакти со други корисници на мрежата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top