Пред само 100 години законодавците во американската држава Вирџинија одлучиле дека не треба да се мешаат во тоа дали некој пар живее во брак или не.
Пред само 100 години законодавците во американската држава Вирџинија одлучиле дека не треба да се мешаат во тоа дали некој пар живее во брак или не.
Но сепак, во оваа држава сеуште на сила се неколку бизарни закони. Во викторијанско време цел на законите во Вирџинија биле да се зачува моралот и простојноста на добрите луѓе на Комонвелтот. Така иако вонбрачните заедници биле здозволени, блудничењето не било дозволено во Вирџинија, а блудот во оваа држава имал многу облици.
Верувале или не во Законот за злодела против природата стои дека и понатака е забранет оралниот секс, дури и меѓу брачните партнери. Забрането е и да се превезува некој за кој постои основано сомненвање дека би сакал секс. Но тука законот не застанува. Ако по некоја случајност, се еден од оние кои знаат каде има јавна куќа, а тоа му го кажете на некој кој појма нема каде е таа „инстутција“, автоматски го кршите законот. При тоа не само вие што не смеете, туку никој друг не смее да има секс во вашиот автомобил.
За прељубата пак има многу напишано во овој закон. Покрај што е кршење на една од Божјите заповеди таа е прекршок од 4 степен, што и да значи ова не звучи баш добро.
Последната казна за прељуба била 20 часа општествено кроисна работа. Во оваа држава и порнографијата технички е илегална. Не смее да има такви фотки, не дај боже филмови. И псовките се прекршок од 4-ти степен.
Е сега сите овие закони наводно со воведени за да ја штитат инстутицјата брак, но колку во тоа успеваат зборува фактот дека Вирџинија е една од американските држави со најголема стапка на разводи годишно. Заклучок, не било до забраната за орален секс.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град