Дру Баримур мрази фитнес и бикини

Актерката Дру Баримур, која на 38 години го роди своето прво дете, откри дека минатата година во текот на бременоста и израснала преубава козја брадичка и дека била со црвена боја.

Drew Barrymoore
Дру Баримур

Актерката Дру Баримур, која на 38 години го роди своето прво дете, откри дека минатата година во текот на бременоста и израснала преубава козја брадичка и дека била со црвена боја.

Во неодамнешното интервју, Дру Баримур се осврна на деновите на бременоста. Рече дека брадичката и хиперпигментацијата на нејзините образи биле двете највидливи физички промени на нејзиното тело додека била бремена со првото дете.

Минатата година во јуни актерката се омажи со нејзиниот долгогодишен партнер Вил Копелман и во септември ја роди ќерката Олив.

Drew Barrymoore– Во текот на бременоста ми порасна преубава козја брадичка. И беше црвена, призна актерката за списанието In Touch.

– Ако би одела на пуст остров, коректорот е единствена работа која задолжителна би ја зела себе. Тој е единствен производ без кој не можам, рече и откри дека и помогнал во бременоста да ги сокрие неправилностите на лицето.

Таа проговори и за килограмите кои ги добила во бременоста и рече дека мора да ја врати својата стара килажа, но дека се чувствува како погрешната личност за зборување за фитнес и програмите за слабеење.

– Се грижам за себе, но никогаш нема да бидам една од оние кои зборуваат за вежбање и губење на килограмите. Попрво би се убила отколку сега да облечам бикини, беше искрена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top