„Др.Хаус“ без happyend

„Сите умираат“ е насловот на епизодата со која ќе заврши медицинската ТВ драма „Хаус“, а во која брилијантниот д-р. Грегори Хаус ќе ја преиспитува својата иднина, но и лични демони.

house
хаус

„Сите умираат“ е насловот на епизодата со која ќе заврши медицинската ТВ драма „Хаус“, а во која брилијантниот д-р. Грегори Хаус ќе ја преиспитува својата иднина, но и лични демони.

houseИнформацијата за финалната серија доаѓа лично од нејзиниот творец, Дејвид Шор. Тој додал дека серијата ќе биде завршена со горко – слатка епизода.

„Тоа е дефинитивно крај. Нема да откривам повеќе. Ние никогаш не работиме среќен крај, но не сакаме ниту едноставен и очаен завршеток. Горко – слатко е најдоброто на што може да се надевате,“ изјавил Шор.

Последната епизода од „Хаус“ ќе биде емитувана на 21-ви мај. Д-р Хаус (Хју Лори) во 2012-та влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледан човек на телевизија, а серијата е прогласена за најпопуларна во светот, при што во просек ја гледале 81,8 милиони луѓе во 66 земји.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top