Пештерата Мелисани се наоѓа на источниот брег на остовот Кефалонија во Грција.
Лоцирана е на два километри од градот Сами и на 10 километри од градот Аргостоли. Пештерата е опколена со шуми, а од западната страна има планински венец. Пештерата е 100 метри долга, а езерото кое се наоѓа но неа, зафаќа една третина од нејзината должина. Оваа магична пештера за првпат е откриена во 1951 година, а отворена за посети на јавноста во 1063 година.
Езерската вода е мешавина од солена и слатка вода. Пештерата е на 500 метри од морето и нивото на водата е еден метар над морското ниво. Мешаната вода извира од пештерски систем длабок 30м на едната страна и тече до другата страна на пештерата. Научниците до ова сознание дошле со нуркачки експеримент изведен во 1059 година.
Некогаш, пред илјадници години оваа чудесна пештера имала две големи комори, Денес, таа е во форма на буквата В со два дела во кои има вода и остров на средината. Првиот дел има голем овален отвор на горната површина низ која продираат сончевите зраци.. Вториот дел претставува огромна затворена пештера со покрив во вид на свод и бројни сталактити и сталагмити. Најдобро време за посета на оваа пештера е во лето, на пладне кога сонцето најсилно сјае.
Ако ова лето одите на Кефалонија можете да се приклучите на некоја од бројните тури кои се организираат низ оваа пештера.
Инаку во грчката митологија Мелисани е позната како пештера на нимфите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град