На доделувањето на Златните глобуси послужен десерт од чисто злато

На синоќешното доделување на филмските награди, холивудските ѕвезди се гостеа со специјалитет посипен со вистинско злато. Тоа ги разбесни активистите за борба против глад во светот.

 |   | 
desert so cisto zlato
desert so cisto zlato

На синоќешното доделување на филмските награди, холивудските ѕвезди се гостеа со специјалитет посипен со вистинско злато. Тоа ги разбесни активистите за борба против глад во светот.

desert so cisto zlato

Иако Холивуд не знае за скромност изгледа славните малку претераа во демонстрацијата на луксуз. Додека присутните на гала вечерта во раскошни тоалети и прескапи смокинзи го следеа доделувањето во хотелот Беверли Хилтон послужен им бил специјалитетот на куќата- пудинг со бадем и шумско овошје, прелиен со багремов мед и карамела а посипен со снегулки од чисто 23-каратно злато кое чини 135 долари по грам.

– Околу доделувањето на Златните глобуси секогаш се крева прашина па сакав да смислам десерт кој ќе биде прекриен со златна прашина- објаснил Томас Хензи хотелскиот мајстор за слатки.
desert so cisto zlato
Ваквото објаснување не беше доволно за Џоел Берг, активист за борба против гладта кој смета дека десертот е „прст в око“ на сите кои не можат да ги обезбедат ниту основните оброци за своите семејства.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top