Доаѓа римејкот на „Кери“

Трејлерот, кој на Јутјуб се појави синоќа, дава преглед на некои од класичните моменти на приказната, вклучувајќи ја сцената во која Кери лежи на подот на вецето, а соучениците ја гаѓаат со тампони.

keri
carrie

Трејлерот, кој на Јутјуб се појави синоќа, дава преглед на некои од класичните моменти на приказната, вклучувајќи ја сцената во која Кери лежи на подот на вецето, а соучениците ја гаѓаат со тампони.

кериОткако вчера се појави кратката најава, денес го имаме целиот трејлер за филмот „Кери“, преработката на класичниот хорор од 1976 базиран на роман на Стивен Кинг.
Новата адаптација ја потпишува Кимберли Пирс( „Момчињата не плача), а ѕвездата Клои Морец ќе го глуми главниот лик, тинејџерката што, најблаго кажано, е чудна и повлечена. Џулиен Мур ја глуми нејзината религиозна и напорна мајка, која смета дека тоа што ја затвора во шкафот е за нејзино добро.

Може да ги слушнеме и пеењето и молитвите на нејзината мајка, по кои следуваат приказите на моќта за телекинеза на Кери. И сè води кон матурската прослава, како и голем број тинејџерски филмови. Само што „Кери“ ни дава малку повеќе од скапи гардероби и романтично танцување. Трејлерот ни го најавува хоророт што претстои кога Кери ќе ја изгуби контролата врз своите моќи, кога ќе се претера со малтретирањето.

julien mooreИмајќи ја предвид популарноста на романот на Кинг и филмот што следуваше потоа, многумина од нас знаат што ќе се случи, повеќе или помалку. Останува да се види дали оваа нова адаптација ќе успее во новото претставување на приказната, но трејлерот дефинитивно најавува нешто мрачно и крваво, што сугерира дека се на вистинскиот пат. Треба само да причекаме до премиерата закажана за 18 октомври (кај нас нешто подоцна) за да видиме како изгледа конечниот производ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top