Доцна синоќа печатницата „Графички центар“ го отпечати новиот број на „Службен весник на РМ“, а во него и одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, пренесува порталот „Фактор“.
Доцна синоќа печатницата „Графички центар“ го отпечати новиот број на „Службен весник на РМ“, а во него и одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, пренесува порталот „Фактор“.
Денеска одлуката и официјално ќе биде објавена во „Службен весник“. Со оглед на тоа дека веќе утре има судско рочиште за отворање на стечајна постапка за „Графички центар“, ова ќе биде и последното отпечатено издание на „Службен весник“ во оваа печатница, а за следните изданија Јавното претријатие Службен весник ќе треба да бара нова печатница.
Дописот со одлуката за избор на Џафери за собраниски спикер, потпишана од заменик генералниот секретар на Собранието Неџбедин Ибраими и од претседавачите на собраниската седница Ферид Мухиќ и Горан Мисовски, беше испратена до Службен весник пред пет дена. А изборот на Џафери за претседател на Собранието се случи пред десет дена. Зошто не се отпечати вонредно издание веднаш откако дописот беше пратен до „Службен весник“, дали ВМРО ДПМНЕ преку својот кадар во претпријатието директорот Лука Кржалоски, се обиде да го пролонгира печатењето, дали имаше обид да се искористи стечајот на печатницата за пролонгирање на објавувањето на одлуката? Од СДСМ обвинија дека имало опструкции за печатењето на одлуката, со оглед на фактот дека како што велат во минатото имало случаи кога се печателе вонредни изданија.
„ Јас сум сигурен во тоа дека се уште настојуваат некои од директорите да бидат слуги на режимот и да допринесат уште ден, два останување, вештачко дишење на овој режим меѓутоа мора да сфати директорот на „Службен весник“ дека тој не е директор којшто треба да оценува дали треба да објавува туку треба да ги објавни одлуките, а најмалку да ја цени одлуката на Собранието на Р.М. и тоа мора да се случи уште денеска“, изјави вчера Оливер Спасовски од СДСМ.
За дел од поранешните генерални секретари на Собранието е нејасно зошто се чекаа пет дена за да се објави одлука која не подлежи на претходни дополнителни разгледување.
„Во минатото имало случаи кога се печателе вонредни изданија на Службен весник, и мислам дека тоа требаше да се направи и со оваа одлука, оти оваа одлука не подлежи на некои претходни дополнителни правни разгледувања. Службен весник можел да ја објави одлуката во текот на викендот. Но повторно политиката го заменува правото. Мислам дека е вмешана е политиката“, вели поранешниот генерален секретар на Собранието, Александар Новаковски.
Дилемите дали и кога ќе се испечати одлуката дополнително се отворија поради состојбата со стечај за печатницата „Графички центар“, во јавноста позната како сопственик „Медиа Принт Македонија“, издавач на весницитена весниците Утрински весник, Вест, Дневник, Теа Модерна, Македонски спорт и порталот Телеграф. Поради лошата финансиска состојба компанијата пред недколку дена ги затвори весниците Утрински весник и Вест, голем дел од вработените останаа без работа, а за среда е закажно судско рочиште за отворање на стечајна постапка за печатницата. Тоа го отвори прашањето дали печатницата воопшто ќе го отпечати изданието пред да оди во стечај. Во меѓувреме од претпријатието не одговараа зошто се чекаа пет дена и зошто нема вонредно издание.Единствено од претпријатието се огласија минатата недела со соопштение дека го добиле барањето од заменик генералниот секретар на Собранието и дека Одлуката за избор на Претседател на Собранието ќе биде објавена во првиот нареден број на „Службен весник на РМ“ во почетокот на оваа недела. Сепак според најновите информации назначувањето на Талат Џафери за нов Претседател на Собранието на РМ ќе осамне утре изутрина во последниот број што ќе го испечати оваа печатница
Инаку сега со објавувањето на одлуката Џафери во „Службен весник“ се надминати сите правни препреки за тој легитимно да ја преземе функцијата собраниски спикер. Со тоа почнуваат да течат десетте дена во кои претседателот Ѓорѓе Иванов треба да му го додели мандатот за формирање на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Џафери најави дека следната собраниска седница ќе ја свика откако претседателот Иванов ќе го додели мандатот за формирање нова Влада на Заев.
Џафери беше избран за претседател на Собрание на 27-ми минатиот месец а неговиот избор резултираше со насилства во Законодавниот дом. Во хаотична и тензична атмосфера, со 62 гласа пратениците од новото парламентарно мнозинството го избараа Џафери за претседател на Собранието. Додека се гласаше пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја пееаја македонската химна, и извикуваа „срамота“, „избори“ и ја окупираа говорницата, па изборот на претседател се изведуваше на среде сала. Состојбата на крај ескалираше со насилство од страна на демонстрантите од иницијативата за „Заедничка Македонија“, кои влегоа во Собранието. Додека во Пленарната сала насилниците го славеа „освојувањето“ на парламентот во присуство на пратениците од ВМРО ДПМНЕ и нивната коалција, во Прес салата крвнички беа тепани пратенците од новото парламентарно мнозинство, а не беа поштедени ниту новинарските екип, се вели во текстот на порталот „Фактор“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град