Во недела 13-ти декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“, повторно ќе биде поставена театарската претстава, „Детектор за лаги.
Во недела 13-ти декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“, повторно ќе биде поставена театарската претстава, „Детектор за лаги.
„Детектор за лаги“ дело е работено по текст на Василиј Сигарев, додека режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
детектор за лаги За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
Станува збор за едноставна приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а кои проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија.
Влезниците за претставата се веќе пуштени во продажба, по цена од 100 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град