Кај нас се кука на Фејсбук и се бара утеха во мачки, а во Кина има посебен ден посветен на оние што не можат да најдат љубов. И на тој ден, сите трошат ко луди.
Кај нас се кука на Фејсбук и се бара утеха во мачки, а во Кина има посебен ден посветен на оние што не можат да најдат љубов. И на тој ден, сите трошат ко луди.
Во Кина, Денот на самците се слави на 11-ти ноември (11.11) заради симболиката на четирите единици кои претставуваат „голи гранки“ (инаку кинески сленг за ергени).Традицијата почнува пред 20 години како шега по факултетите, а поводот е признавање на чувствата кон некој. Но од 2010-та година, онлајн продавниците го претвориле празникот во епска шопинг екстраваганца слична на американскиот Сајбер понеделник.
Кина има 271 милион онлајн потрошувачи, што значи дека половина од 591 милиони интернет корисници купуваат производи на нет. Меѓу понудите за празникот се нашле и 50% попуст на производи како перници во облик на момче или блузи со натписи „I’m single because I’m fat“. Има попусти и на веренички прстени, чисто за секој случај.Бројот на потрошувачи толку вртоглаво се зголемил што е забележан случај на 20 и нешто годишен доставувач кој починал од изгладнетост затоа што морал да испорачува по 160 пакети на ден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град