Поради високите температури и опасноста од појавата на шумски пожари, до 15-ти следниот месец се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намера, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично.
Одлуката, исто така не важи и за организирани група туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови и парк шумите. Туристичката тура, се посочува, ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“, националните паркови и парк шумите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град