Дами и господа, најгoлемите песимисти на светот се…

Девет од десет Грци сметаат дека нивната земја е во рецесија, а толкав е и процентот на Грци кои мислат дека кризата ќе трае долго време.

klovn
кловн

 Девет од десет Грци сметаат дека нивната земја е во рецесија, а толкав е и процентот на Грци кои мислат дека кризата ќе трае долго време.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на довербата на потрошувачите спроведено од консултантската компанија Нилсен во 58 држави, според кое Грците се најголеми песимисти во светот.
Длабоката рецесија во којашто се наоѓа грчката економија и растот на невработеноста им предизвикаа големи проблеми на Грците, кои според показателите за светската доверба на потрошувачите се класифицирани на последно место.Во таква ситуација и поради растечката невработеност, која е исклучително висока, обезбедувањето на работното место за 44% од Грците претставува најголем проблем со којшто се соочуваат.

гркЧетири од десет Грци изјавуваат дека не им остануваат воопшто пари од семејниот буџет и оти со него не можат да ги покријат ниту основните потреби. Поради кризата, 92% од домаќинствата биле принудени да го променат својот начин на живот, а 67% почнале да купуваат поевтини производи. Осум од десет Грци ги намалиле трошоците за забава надвор од домот. Шеесет и шест отсто од грчките потрошувачи го намалиле купувањето облека и обувки, 64% не купуваат храна по телефон, 54% ја ограничуваат употребата на струја, а 47% го ограничиле и користењето на возилата.

Освен Грците, во класификацијата како нејпесимистички се оценети и Унгарците, Јужнокорејците, Португалците и Италијанците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top