Дали навистина имало дрога во Зелената соба?!

Годинешното издание на Евровизија ќе остане запаметено по добрата забава, уникатните песни и изведби, но и по бројните скандали.

 |   | 

И самата победа на италијанскиот бенд „Måneskin“ беше засенета од бројните ексцеси во духот на рокенролот, но една сцена за време на вклучувањето во живо од арената „Ahoy“ додека траеше соопштувањето на гласовите, крена најмногу прашина.
Откако фронтменот беше обвинет за земање кокаин и дивеење по победата се огласи организаторот на Евровизија, објавувајќи дека истрагата покажала дека немало случај на употреба на дрога во Зелената соба.
Набргу беа повлечени обвинувањата против фронтменот на победничката група Дамијано Давид кој уште од самиот почеток тврдеше дека станува збор за недоразбирање. Дамијано веднаш ги сподели резултатите од истрагата на својот инстаграм-профил.
За потсетување, групата „Måneskin“ ја однесе победата во својата земја по повеќе од 30 години, а следниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во Италија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top