Да се плашиме ли од „Зика“ вирусот?

Светската јавност е вознемирена и во паника, оти по свински грип, нилска треска, ебола, мерс…граѓаните повторно се на удар на нов смртоносен вирус наречен зика кои што се шири со брзо темпо и некотролирано.

zika

Светската јавност е вознемирена и во паника, оти по свински грип, нилска треска, ебола, мерс…граѓаните повторно се на удар на нов смртоносен вирус наречен зика кои што се шири со брзо темпо и некотролирано.

Вирусот се шири со каснување од тропски комарец и не се пренесува од човек на човек, затоа лекарите советуваат да се избегнуваат патувања во држави каде е регистриран вирусот.

Македонските епидемиолози ја смируваат топката и велат дека нема место за паника, оти во зимски услови мал е ризикот за појава на вирусот кај нас. Но сепак предупредуваат дека ризик има доколку се патува во земји каде што го има комарецот, оти можат да бидат каснати и заразени таму.

zika bebe-Меѓународните патници ги советуваме дека во некои земји има Зика а како заштита се препорачуваат репеленти, носенје на соодветна облека за покривање на телото, избегнуваме да се излегува во периодото кога има најмногу комарци. Секако и оние кои се враќаат од такви земји, доколку имаат некои симптоми карактеристични за овој вирус да побараат лекарска помош, вели др. Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје Скопје.

Од Македонија овој период не регистрирале патници за Бразил, Мексико или Карибите. Но не ја исклучуваат да има такви кои заминале без да го посетат Центарот за јавно здравје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top