Реномираниот научник Стивен Хокинг одржи предавање на универзитетот Харвард, каде зборуваше за астрофизика, поточно на тема црни дупки – за кои кажа дека е можно да се портали до други димензии.
Реномираниот научник Стивен Хокинг одржи предавање на универзитетот Харвард, каде зборуваше за астрофизика, поточно на тема црни дупки – за кои кажа дека е можно да се портали до други димензии.
На предавањето, Хокинг изјави дека информациите кои се „вшмукуваат“ од страна на црната дупка, можеби се чуваат во некој паралелен универзум.
Физичарот ги спореди црните дупки со хард дискови, но откривањето на тоа како ги чуваат информациите е „една од најголемите мистерии која работиме да ја откриеме“, вели Хокинг.Хокинг вели дека информациите кои ги вшмукува црната дупка е како запалена енциклопедија.
„Информацијата не е изгубена, ако го чуваш пепелот. Но тешко е да се прочита.“
Хокинг е дел од иницијатива на универзитетот Харвард, со уште нколку научници, за развивање на посебна истражувачка и едукативна програма за истражување на таканаречените црни дупки.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град