Течат подготовките за петтото издание на „Codefest“

Во тек се подготвките за годинешното петто по ред издание на „Кодфест“ маратонот.

 |   | 

Од организацијата ветуваат нови содржини, гости ѕвезди предавачи и секако интересни и богати награди за најдобрите. Годинава по втор пат во рамки на Кодфест фестивалот ќе се одржи и еднодневна научна конференција, на која предавачи ќе бидат меѓународни реномирани имиња со кои ќе се дискутира на теми технологија, иновации, лидерство и стартап бизниси.

По петти јубилеен пат и годинава Охрид ќе биде домаќин на „Кодфест“ маратонот. И ова издание на фестивалот ќе трае три дена. Првиот ден е резервиран за конференцијата, додека другите два дена пак се резервирани за самиот маратон. Како маратон за јуниори, студенти и професионалци, „Кодфестот“ е замислен како 32 часовен предизвик, каде тимовите оставени од 2-5 члена ќе имаат можност да создадат проект од идејно решение до прототип демонстрација.

„Секоја година како што расте настанот така растат и наградите. Оваа година е интересно што за прв пат го отвораме настанот да биде малку на пошироко ниво, значи нема да може да се натпреваруваат само студенти како досега туку право на учество ќе имаат и младите, јуниорите а исто така и професионалците, сите оние кои работат во таа област кои се фриленсери, кои не се студенти на било кој начин“, вели Марија Савеска – организација „Codefest“.

Савеска додава дека натпреварувачите во сите категории ќе се натпреваруваат за посебни награди. Годинава пак по втор пат во рамки на „Кодфест“ маратонот ќе се одржи и еднодневната научна конференција, на која предавачи ќе бидат меѓународни реномирани имиња со кои ќе се дискутира на теми технологија, иновации, лидерство и стартап бизниси.

„Веќе се најавени некои од спикерите кои ќе бидат на конференцијата, а отворени се апликациите за пријавување на тимовите. Рокот за пријавување на тимовите е до крај на февруари, а потоа следи процес на селекција“ потенцира Стефан Глушица – организација „Codefest“.

Овој настан е совршена можност компаниите и институциите од ИТ секторотда ги прошират круговите на соработка и професионални контакти, со тоа што ќе имаат можност да исконтактираат и со гостите предавачи и со сите оние кои ќе учествуваат на конференцијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top