„Кока – Кола“ го менува рецептот поради опасност од рак

Мегапопуларните пијалаци „Кока – Кола“ и „Пепси“ ги менуваат своите рецепти за да го избегнат предупредувањето за опасност од рак, кое мора да го стават на амбалажата, односно на шишињата.

 |   | 
coca cola
coca cola

Мегапопуларните пијалаци „Кока – Кола“ и „Пепси“ ги менуваат своите рецепти за да го избегнат предупредувањето за опасност од рак, кое мора да го стават на амбалажата, односно на шишињата. Според новиот рецепт, бојата на карамелата ќе има помалку метилимидазол, хемикалија која американската сојузна држава Калифорнија го ставила на списокот на канцерогени состојки. Пијалаците со изменет рецепт веќе се испорачува во Калифорнија, а во тие компании велат дека новиот рецепт ќе го направи производството уште поефикасно.
coca cola

– Иако веруваме дека нема опасности за здравјето на населението со кои би се оправдала оваа промена, од своите снабдувачи на карамела побаравме тоа да го направат, бидејќи не сакаме нашиот производ да биде предмет на научно неосновано предупредување – вели Диана Гарза – Киарланте, претставничка на „Кока – Кола“.

Според некои истражувањса, хемикалијата која се наоѓа во овие пијалаци е поврзана со рак кај глувци, но нема докази дека може да влијае на човечкото здравје, велат во американското здружени е за пијалаци.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top