Четкар и Коштана го отвараат годинешното „Бело лето“

Со концерт на зајдисонце на охридската џез легенда Владимир Всилески Четкар на плажата Лабино, и со претставата „Коштана“ на најстариот српски приватен театар „Славија“, денес во Охрид започнува манифестацијата „Бело лето“. Градоначалникот Никола Бакрачески ветува едно од најспектакуларните изданија на оваа манифестација со која секоја година и официјално се означува стартот на летната туристичка сезона.

 |   | 

Се е подготвено за петтото издание на манифестацијата „Бело лето“. Градоначалникот Никола Бакрачески ветува едно од најспектакуларните изданија на оваа манифестација, која во овој период е добредојдена за охриѓани.

„Во овие возбудливи времиња, за охриќани во овие мачни времиња и покрај оваа мачна атмосфера која ја доживуваат со серијата земјотреси изминататите две до три недели, ќе имаат можност на момент да заборават на оваа атмосфера да се релаксираат и да уживаат во уметничките перформанси кои ќе ни ги понудат овие два настани. Ги повикувам охриѓани и туристите масовно да дојдат на овие два настани, нудиме комбинација на забава и рекреација“ вели Никола Бакрачески – Градоначалник Општина Охрид.

Манифестацијата „Бело лето“’ започнува вечер на зајдисонце во 19 часот на плажата Лабино каде со свој перформанс ќе настапи светски реномираниот џез музичар Владимир Василески – Четкар. Четкар ветува незаборавен не само музички туку и визуелен настан, потпомогнат од природните убавини со кои Охрид располага.

„Концептот е една терапија за сите кои се под стрес од овој период, така да ќе се обидеме со музика да ја излечиме напнатоста, јас конкретно вчера дојдов за настапот после турнејата низ Тајланд и со најголемо задоволство ќе настапам вечер, ги поканувам сите охриѓани сите туристи да дојдат заедно да се дружиме“ ветува Владимир василевски – Четкар – џез музичар.

Манифестацијата продолжува со истото темпо но на друга локација, имено 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“ со прикажување на драмата „Коштана“ во изведба на актерите на најстариот српски приватен театар „Славија“ од Република Србија.

„Претставата „Коштана“ во овој театар пред се е работена со цел оние драмски и сензибилни моменти кои Бора во ова грандиозно дело ги ставил, да може публиката да го види,а да не се претопи како што досега беше работено во мјузикл, од танчерите да не можат да дојдат до израз актерите. Вечерва сите оние кои ќе дојдат да је гледаат „Коштана“ на Бора Станковиќ, ќе излезат со солзи во очите поради оваа претстава полна со емоции“ објаснува Батрич Жарковиќ – Директор – Театар „Славија“.

Актерката Весна Паштровиќ, главната протагонистка во претставата „Коштана“ доаѓа по втор пат во Охрид, и вели дека сеуште не може да ги заборави реакциите и овациите на публиката после феноменалниот настап со мјузиклот „Циганите летаат на небо“ на „Охридско лето“ пред девет години, кој и самата го смета за еден од највпетливите настапи во нејзината кариера.

„Ако барем педест проценти од публиката реагира како што реагираше пред девет години јас ќе бидам навистина пресреќна. Ви ветувам дека и вечерва ќе играм со целото мое срце и пресреќна сум што сум во Охрид“ ветува Весна Паштровиќ – актерка – „Театар Славија“.

Имено во рамките на Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2017, во делот на организација на манифестации и настани за туристичка промоција, Секторот за туризам и ЛЕР, веќе петта година по ред традиционално ја организира манифестацијата „Бело лето“ со која симболично се означува почетокот на летната туристичка сезона во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top