Босански професор предавал 70 предмети

Универзитетот во Брчко, Босна и Херцеговина, ја изгуби дозволата за работа откако било откриено дека еден професор предава 70 предмети, а друг 56. Оштетени се над 1.000 студенти.

profesor
професор

Универзитетот во Брчко, Босна и Херцеговина, ја изгуби дозволата за работа откако било откриено дека еден професор предава 70 предмети, а друг 56. Оштетени се над 1.000 студенти.

profesorНа Европскиот универзитет во Брчко изминатата недела му била забранета понатамошна работа поради неисполнување на условите за работа во високото образование. Медимите пренесуваат дека се оштетени над илјада студенти.

Во текот на шестмесечниот управен надзор биле утврдени најтешки повреди на законот. Еден професор одржувал настава за 56 предмети, а друг на дури 70 наставни предмети. На универзитетот се запишани околу 1.400 студенти, од кои една третина доаѓаат од Хрватска.

На универзитетот можеле да се изучуваат повеќе општествени насоки, а цените на студирање се движеле од 1.200 до 3.600 евра.

profesorУниверзитетот изведувал сосема различни студиски програми од оние за кои имал дозвола, а повеќето професори биле ангажирани за настава од шест до седум пати повисока граница од допуштената. Од 60 професори, колку што е потребно според стандардите за изведување настава, универзитетот имал вработено само десет, и ниту еден од нив не ги исполнувал законските услови во поглед на изборот во професијата.

Проректорот на универзитетот, Мирко Кулиќ, најавил дека ќе покрене спор пред судот во Брчко во кој ќе бара одложвање на извршување на решението. Студентите се огорчени и сметаат дека тие се најголемите жртви. Тие порачуваат дека нема да се помират со пропаѓање на вложениот труд, времето и парите и ќе сторат се’ за да ги заштитат своите права.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top