Богданци кажа НЕ за рудниците!

Граѓанките и граѓаните на општина Богданци со огромно мнозинство кажаа НЕ за рудниците на референдумското изјаснување.

 |   | 

Граѓанките и граѓаните на општина Богданци со огромно мнозинство кажаа НЕ за рудниците на референдумското изјаснување.

Излезноста беше 60,78%, или 4,205 од вкупно 6.918 регистрирани гласачи во општината. На прашањето „Дали сте за продолжување на изградбата на рудникот Казандол?“, 4,120 граѓанки и граѓани се изјаснија против, а само 71 се за. На прашањето „Дали да се дозволи отворање на други рудници во општина Богданци?“, 4,126 гласале против, додека само 66 гласале за.

Локалните власти се должни да ја почитуваат волјата на граѓанките и граѓани. Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода од терен нотираа помали и очекувани проблеми.

Над 10 граѓанки и граѓани не можеа да го остварат своето право, затоа што ги немаше на Избирачкиот список. На едно избирачко место се нотира дека УВ-ламбата не работела.

Набљудувачите на ЦИВИЛ известуваат и за недоволна обученост на дел од членовите на избирачките одбори. Се нотираат и притисоци. Во последните 24 часа, повеќе граѓанки и граѓани на Општина Богданци добиле телефонски повици од активисти на ВМРО-ДПМНЕ да не излезат на денешното референдумско изјаснување, или да се изјаснат во полза на отворање рудници, односно на продолжување на работата на рудникот во Казандол.

Иако иницијативата „Спас за Богданци“ е поддржана од  Советот на Општината, односно, од сите партии, како и од организациите на граѓанското општество, сепак, притисоците против успехот на референдумот се евидентни, со што станува очигледно дека партиските структури на локално и на централно ниво имаат различни позиции по ова прашање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top