Бизарните тајни на манекенската убавина

Како поранешна уредничка на Australian Vogue, Кристи Клеменс наведува дека идеалот на слабо тело со истакната коски, манекенките често го постигнуваат со изгладнување и инфузии.

faktor vog
фактор вог

Како поранешна уредничка на Australian Vogue, Кристи Клеменс наведува дека идеалот на слабо тело со истакната коски, манекенките често го постигнуваат со изгладнување и инфузии.

Во шокантната книга „The Vogue Factor“, Кристи одлучи да ја открие тајната на манекенките кои остануваат слаби. Откако добила отказ, по 25 години работа во магазинот, таа реши на хартија да ги пренесе тајните на модната индустрија.

kristiЕдна од најшокантните работи што ги напишала е тоа дека видела манекенки како јадат хартиени марамчиња пред ревија за да се чувствуваат сити, а притоа да не внесат калории.

„Постои категорија слабо, но и париски слабо што подразбира анорексична состојба и истакнати коски, а за повеќето врвни манекенки тоа е идеал на убавината“, наведува Кристи.

Присетувајќи се на едно снимање во Мароко, поранешната уредничка напишала дека во текот на тридневната задача не видела ниту еден модел да јаде. Последниот ден на снимањето, една манекенка едвај се држела на нозе и едвај ги држела очите отворени.
Ги изнела во јавноста и сознанијата за тоа дека многу манекенки својата витка линија ѝ ја должат на инфузиите што ги примаат неколку денови пред ревија.

„Една руска манекенка со драматичен режим на исхрана со денови примаше инфузија, а благодарение на тоа стана таканаречен „фит модел“, манекенка чие тело дизајнерите го користат за првично пробување на своите креации“, рекла таа.

За бизарните, тајните и бруталните вистини на не толку гламурозната манекенска професија Кристи одлчучи да проговори во своевидната побуна против медиумскиот гигант Рупер Мурдок. Во негова сопственост се наоѓа и магазинот „Vogue“ во кој работела 25 години, од кои 13 на местото главна уредничка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top