„Арго“ и „Животот на Пи“ триумфираа на Оскарите

Десетте милиони долари за маркетинг на продукцијата која стои зад филмот “Арго” пред одржувањето на Оскарите очигледно се исплати.

pobednici
победници

Филмот на Бен Афлек е најголемиот победник на 85 по ред издание на најгламурозната филмска ноќ, Оскар. Филмот освои три награди, најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио и најдобра монтажа. “Животот на Пи” кој беше еден од трите номинирани во најмногу категории доби четири Оскари: за најдобра режија, музика, кинематографија и визуелни ефекти.  

ben AflekСпоред бројот на номинации најголемо разочарување, ако може така да се каже е филмот “Линколн” на Стивен Спилберг кој и покрај 12 номинации доби само два оскари, за најдобар актер и продукциски дизајн.Оскарот за најдобар актер, по трет пат го освои Деј Луис за улогата на 16-от претседател на Сад во филмот “Линколн”. Оскар за најдобра актерка пак и припадна на Џенифер Лоренс за улогата на вдовица во „Silver Linings Playbook“. Годинава Ен Хатавеј го освои Оскарот за најдобра женска споредна улога во филмот “Клетници”. Улогата на Кристоф Волц во филмот “Џанго разузданиот” му го донесе оскарот за најдобра машка споредна улога.

Кога веќе сме кај овој филм, Квентин Тарантино доби Оскар за најдобро оригинално сценарио. Пејачката Адел го освои Оскарот за најдобра оригинална песна за филмот “Скајфол”.Најдобар режисер е прогласен Анг Ли за “Животот на Пи”, најдобар документарец е “Searching for Sugar Man”, најдобро адаптирано сценарио е за “Арго”, најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е “Amour”. Најдобар анимиран филм е “Brave”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top