• Почетна
  • Archive
  • Сцена & Муабети
  • Активирана е комуникација со Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи на НАТО, привремена пренамена на расположливите ИПА средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА програмите

Активирана е комуникација со Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи на НАТО, привремена пренамена на расположливите ИПА средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА програмите

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-вата седница на која беа усвоени записниците од 13-тиот и 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржани на 28 и на 30 март 2020 година.

 |   | 

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-вата седница на која беа усвоени записниците од 13-тиот и 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржани на 28 и на 30 март 2020 година.

Согласно заклучокот од 14-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, Владата заклучи да побара од НАТО да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC), и задолжи работна група предводена од Секретаријатот за европски прашања, кој ја координира меѓународната помош, да подготви листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми.

На седницата е разгледана и усвоена Информацијата за привремена пренамена на расположливите ИПА средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА програмите во буџетот на Република Северна Македонија, во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот Ковид-19, и го задолжи Министерството за финансии да побара одобрување од соодветните служби на Европска комисија за привремено користење на преостанатите салда на ИПА средства од програмите ТАИБ 2009, ТАИБ 2010, ТАИБ 2011 и ИПА Компонентите III, IV и V со цел справување со кризата.

По добиената согласност од страна на Европската комисија, Министерството за финансии ќе ги префрли средствата на соодветни сметки кои ќе бидат наменети во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот Ковид-19.

Како дополнителен заклучок во врска со ова, Владата го задолжи Министерството за финансии да ги врати позајмените средства од Буџетот на Република Северна Македонија по завршување на кризата, односно, во рокот и согласно насоките кои ќе се добијат од Европската комисија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top