Адел ќе открие сè за себе во интервју за Опра

Светски познатата поп-ѕвезда Адел ќе изнесе сè на виделина за лансирањето на својот нов албум „30“ во интерву за Опра Винфри, а ќе зборува и за сите шест години кога беше далеку од очите на јавноста.

 |   | 

Светски познатата поп-ѕвезда Адел ќе изнесе сè на виделина за лансирањето на својот нов албум „30“ во интерву за Опра Винфри, а ќе зборува и за сите шест години кога беше далеку од очите на јавноста.

Интимната исповед на Aдел кај Опра ќе биде настан кој британските медиуми го нарекоа „троубек“ или потсетување на разговорот на Опра со Хари и Меган.

„Си-би-ес“ ќе ja емитува двочасовната емисија со наслов Adele: One Night Only на 14 ноември, само пет дена пред објавувањето на долгоочекуваниот четврти студиски албум на британската пејачка. Проектот е најавен како „прв телевизиски разговор на Адел за нејзиниот нов албум, приказните зад песните, животот по разводот, губење на тежината и подигањето на својот син“.

Покрај интервјуто, ќе има и концертна изведба што ќе биде најрана можност за голем дел од светот да го слушне сосема новиот материјал на Адел.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top