Еуросупер -95 и Еуродизел поскапи за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) да се зголемуват за 0,50 денари за литар.

 |   | 

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) да се зголемуват за 0,50 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува 68,50 ден/лит. За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 42,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари и килограм ќе чини 27,845 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top