Британската полиција соопшти дека најмалку 19 луѓе биле убиени, а околу 50 ранети во експлозија пред арената во Манчестер. Властите настанот го третираат како „терористички инцидент“.
Британската полиција соопшти дека најмалку 19 луѓе биле убиени, а околу 50 ранети во експлозија пред арената во Манчестер. Властите настанот го третираат како „терористички инцидент“.
Сведоци изјавија дека слушнале голема експлозија околу 21 и 45 часот по локално време во момент кога луѓето излегувале од Манчестер Арена каде што американската поп пејачка Ариана Гранде имала концерт. „Потврдено е дека досега загинале 19 луѓе, а околу 50 биле ранети. Во моментов се третира како терористички инцидент се додека не се потврди спротивното“, соопшти полицијата.
Ројтерс јавува дека двајца американски официјални претставници рекле дека првичните сигнали упатуваат на бомбаш самоубиец. Оваа информација не е потврдена од британските власти. Доколку се потврди дека станува збор за тероризам тоа ќе биде најсмртоносниот напад во Британија од 2005 година кога четворица британски муслимани убија 52 луѓе во самоубиствени напади во метрото во Лондон.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град