Ќе има или ќе нема…избори?

Избори на 5 јуни нема да се одржат  а македонскиот парламент ќе се состане набрзо,вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за француската агенција Франс прес, а пренесува „Телма“.

 |   | 
лидери

Избори на 5 јуни нема да се одржат а македонскиот парламент ќе се состане набрзо,вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за француската агенција Франс прес, а пренесува „Телма“.

Изборите според него треба да се одложат се дури не се создадат услов тие да бидат фер и демократски.Ако условите се исполнат,вели Заев за агенцијата избори може да се одржат на есен,бидејки е добро за државата да има избори што побрзо

лидери„Знам дека нема да има избори на 5 јуни. Сите знаеме дека изборите ќе бидат одложени“, Зоран заев за Франс прес

Заев во интервјуто уште подвлекува дека очекувал политичките партии минатата недела да се состанат и да го повикаат спикерот Вељаносвки да најави повторно состанување на парламентот.Дополнителен шок рекол тој е одлуката на Горге Иванов да аболира 50 јавни лица вклучени во голем криминал што предизвика протести кои се одржуваат низ цела држава.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола груевски во интервјуто за истата новинска агенција е дециден, дека без разлика на бојкотот од страна на СДСМ,ДУИ и ДПА избори на 5 јуни ќе има.Најави дека веднаш по нивното одржување експресно ќе свика уште едни избори но без детали како ќе се случи тоа

– Се наоѓаме во многу непријатна ситуација при што само една од четирите големи партии учествува на изборите. Мојата партија ќе биде подготвена веднаш по формирањето на новото Собрание да се организираат дополнителни избори и да им се даде шанса на граѓаните да изберат. Сакаме заслужена победа, Никола Груевски за АФП

Во однос на аболицијата од страна на претседателот Иванов,Груевски рекол дека и тој се изнандил од помилувањата.

Ја разбирам, перцепцијата од надвор,но времето ќе покаже кој бил во право а кој нее,вели груевски за Франс прес.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top